Италија ќе биде тајното жарче на ЕП, Аѕурите ја декласираа Чешка

Италија покажа моќ на 7 дена до стартниот меч на Европското првенство што ќе го играат против Турција во Рим, откако вечерва во Болоња ја декласираа Чешка со 4:0.

Четирикратните светски прваци имаа четири стрелци на „Ренато дал Ара“, а по два гола беа постигнати во двете полувремиња.

Чиро Имобиле и Николо Барела беа прецизни во првото полувреме, а одличниот настап на Аѕурите со уште два гола го крунисаа Лоренцо Инсиње и Доменико Бердарди во второто полувреме.

За Италија ова беше последниот тест меч пред настапот на ЕП, а Чесите ќе имаат шанса за поправен испит на 8. јануари, дома против Албанија.

- Оглас -

Најнови вести