Италија може да биде среќна што не загуби од Босна и Херцеговина! (Видео)

Босна и Херцеговина одигра одличен меч и заслужено освои бод во Фиренца на теренот на фаворитот Италија (1:1), во првото коло од новото издание на Лигата на нации. Аѕурите имаа 11 победи по ред, но овојпат не успеаа да се радуваат против расположените гости.

По еден корнер на гостите, Един Џеко погоди за водство на БиХ во 57 минута.

Предноста на гостите беше само 10-тина минути. а кога Сенси шутираше, топката закачи еден од гостинските играчи, го смени правецот и заврши во голот.

До крајот на мечот Италија не успеа да направи целосен пресврт и ја прекина низата од речиси две години само победи на национално ниво.

Во останатите мечеви одиграни денеска во Лигата на нации: Холандија – Полска 1:0, Норвешка – Австрија 1:2, Романија – Северна Ирска 1:1, Словачка – Чешка 1:3, Шкотска – Израел 1:1, Летонија – Казакстан 0:2 и Белорусија – Албанија 0:2.

Утре се играат нови девет меча во Лигата на нации, а за нас најинтересно ќе биде на Арената „Тодор Проески“ каде Македонија ќе игра против Ерменија.

 

- Оглас -

Најнови вести