4.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Италија на „Сан Сиро“ понижена од Норвешка (Видео)

Норвешка на перфектен начин ги заврши квалификациите и сосема заслужено ќе игра на Светското првенство следната година, откако вечерва со 4:1 ја победи Италија во Милано. Ова беше дуел од последното коло, а Норвешка завршува со осум победи во осум меча и максимални 24 бодови. Италија е втора и повторно ќе мора да игра во баражот, ако сака да се надева за место на Мундијалот.

Италија требаше убедливо да победи ако сака да биде прва во групата и добро почна. Еспозито ги доведе Аѕурите во водство од 1:0 во 10 минута, но тоа како да беше врвот на силата на домаќините.

Во второто полувреме Норвешка го засили темпото и направи целосен пресврт на резултатот. Најпрво израмни Антонио Нуса со погодок во 63 минута, а потоа следуваше шоу на Ерлинг Халанд.

Првата ѕвезда во составот на гостите, Ерлинг Халанд постигна два гола во финишот на средбата. Најпрво во 78 минута Халанд со волеј удар погоди за целосен пресврт и водство на гостите од 2:1.

Само две минути подоцна, повторно Халанд ја затресе мрежата за 3:1, а буквално во последните моменти од мечот погоди и Ларсен за 4:1 за Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести