Репрезентацијата на Франција ѝ го нанесе првиот пораз на Полска и славеше со 83-76 во драматичен меч во Катовице. За еден од домаќините на Евробаскетот ова беше прв пораз, откако претходно нанижа три победи по ред.
Французите диктираа темпо во првата четвртина, но Полска направи пресврт во вториот период и на полувремето замина со водство од 44-41. Сепак, третата четвртина беше решавачка, ѝ припадна на Франција со 19-11, а беше и убедливо најнеефикасна на мечот.
Јабуселе со 36 поени беше убедливо најдобриот поединец на паркетот и нерешлива енигма за одбраната на Полска.
Драматично беше и на мечот во Лимасол. Италија со 67-63 ја победи Шпанија и направи вистинска мешаница во групата „Ц“. Патниците во осминафиналето ќе бидат одлучени во последното коло, а пет репрезентации се во игра.
Шпанија одлично го отвори мечот и поведе со 13-0, но тоа беше се што направија на овој меч. Италија постепено се враќаше резултатски, а првпат во водство дојде во финишот од третиот период.
„Фуријата“ во завршницата од мечот влезе со предност од 63-62, но следуваше серија од 5-0 на Италија за трета победа на шампионатот.