Репрезентацијата на Италија не дозволи кикс како пред четири години, кога беше елиминирана од Македонија во првиот бараж-меч, па вечерва со сигурни 2-0 славеше над Северна Ирска.
Сепак, Италија многу потешко од очекуваното го скрши отпорот на противникот, а првиот гол беше дело на Тонали во 56-тата минута. Конечните 2-0 ги постави Кеан во 80-тата минута.
Шведска со хет-трикот на Виктор Ѓекереш дојде до победа над Укрина со 1-3 на неутрален терен во Валенсија, па во финалето ќе играат против Полска на домашен терен.
Најголемата сензација ја направи селекцијата на Косово, која со 3-4 славеше на гостувањето кај Словачка, па во мечот за пласман на Мундијалот ќе играат против Турција во Приштина.
Пласман во финалето од европските квалификации обезбеди и Полска, која со пресврт ја победи Албанија со 2-1.
Продолженија се играат на натпреварите Чешка – Ирска (2-2) и Велс – Босна и Херцеговина (1-1).

