Италија не памети ваква ситуација, можеби тоа е шанса за Македонија

Италија речиси и да не памети ситуација кога играла официјален меч, а во стартниот состав да нема ниту еден фудбалер на Јувентус, кој е најтрофеен клуб на Чизмата.

Вечерва против Македонија од 20.45 часот во почетниот состав на Аѕурите нема ниту еден играч на Старата дама, што е реткост.

Донарума од ПСЖ ќе биде на голот, а во одбраната се Флоренци и Манчини од Рома, Бастони од Интер и Палмиери, кој игра за Тотенхем.

Средниот ред го сочинуваат Барела од Интер, Жоржињо од Челзи и Верати од ПСЖ. Трилингот во нападот против нас ќе им биде составен од играч од Лацио, Чиро Имобиле, од Наполи е Лоренцо Инсиње и Берарди, кој настапува за Сасуоло.

Меѓу 12-те резерви што ги одбра Роберто Манчини, има само еден играч на Јуве, а тоа е Џорџо Кјелини, кој не играше долго, а според најавите од Италија, се чува и за евентуалниот финален бараж против Португалија или Турција на 29 март.

 

- Оглас -

Најнови вести