25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Италија не памти ваков скандал и срам: Само еден стадион ги исполнува стандардите на УЕФА

Италија се најде во големи проблеми кога се работи за нивната организација на Европското првенство во 2032 година. Италија, заедно со Турција ја добија довербата да бидат домаќини на континенталниот собир, но факт е дека Аѕурите имаат големи проблем поврзани со инфраструктурата.

Инспекцијата на УЕФА потврди дека само еден стадион во Италија ги исполнува условите за организирање на Европското првенство. Стадионот на Јувентус во Торино е единствениот во Италија кој во моментов ги исполнува условите за меч од ЕП.

За разлика од стадионот во Торино, стадионите во Неапол, Рим и Милано не ги исполнуваат условите, а Италија има малку време да започне со изградба на нови стадиони.

Поради ваквата фактична состојба, се доведува во прашање организацијата на ЕП 2032 година. Италијанските медиуми го окарактеризираа ова како скандал и неодговорност на одговорните лица.

Стадионите „Олимпико“, „Диего Армандо Марадона“ и „Сан Сиро“ се далеку од сегашните стандарди на УЕФА. Тие се постари згради и не можат да ги понудат сите организациски елементи потребни за Европско првенство.

УЕФА ги заостри критериумите, така што стадионите со капацитет помал од 35.000 не можат да аплицираат за ЕУРО. Покрај Торино, нов стадион има и Удине, но има капацитет од 25.144 седишта.

Финалето на Суперкупот на Европа оваа година помеѓу ПСЖ и Тотенхем ќе се одржи на стадионот во Удине.

Севкупно, Италија е во голема неволја. Доколку не се најде компромис, би можеле да останат без организација на Европското првенство. Веќе се шпекулира како Турција би можела сама да го организира ЕУРО 2032, бидејќи веќе имаат десет новоизградени стадиони кои ги исполнуваат сите стандарди на УЕФА за организирање на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести