Италија нема да загуби од Шпанците во 90 минути игра

6101 Италија – Шпанија (20.45 часот)

Ова е прво полуфинале од битката за титула во Лига А од Лигата на нации. Мечот се игра во Милано и тоа е предноста на актуелниот првак првак. Двете селекции не примија гол на последните два меча во квалификациите за СП. На ЕП што се играше летоска, Италија на пенали ја елиминира Шпанија откако по 120 минути игра беше 1-1. Последните пет меѓусебни дуели на Аѕурите и Црвената фурија завршуваа со 2-3 гола, а традицијата вели и дека Шпанците никогаш не победиле на гости во Италија.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.30)

 

5711 Судан – Гвинеја (18.00 часот)

Гостите се фаворити на хартија пред овој меч помеѓу две африкански селекции од квалификациите за СП 2022. Судан губеше во првите две кола со по два гола разлика, а Гвинејците играа нерешено на единствениот меч досега во овој циклус. Мечот нема да се игра во Судан, туку на неутрален терен во Мароко и Гвинеја мора да го искористи тоа ако сака да си ги продолжи шансите за пласман на Мундијалот.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

5712 Мароко – Гвинеја Бисау (21.00 часот)

Мароко тргна со победа над Судан, додека Гвинеја Бисау исто така има победа над Судан и реми со Гвинеја. Дуелот се игра во Мароко и домашните би требало да освојат три бода, со кои ќе го преземат првото место во групата. Мароко е тим кој ретко прима голови на свој терен. Овие репрезентации никогаш претходно се немаат сретнато во официјален меѓусебен дуел.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.83)

 

1852 Тенис Борусија – Енерџи Котбус (19.00 часот)

Некогашните германски прволигаши сега се во регионалната лига северо-исток. Иако мечот се игра во Берлин, според квотите, гостите се фаворити. Тенис Борусија има две победи по ред, а Енерџи Котбус е во добра голгетерска форма, во деветте кола даде 26 гола. Котбус ја има и најцврстата одбрана во оваа регионална лига. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, а ова им е прв меѓусебен дуел по 13 години, тогаш се сретнаа во Купот.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.70)

 

6742 Челзи – Волфсбург (21.00 часот)

Вечерва се игра и првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите за жени, а дербито е во Лондон. Сините, кои во минатата сезона играа финале, важат за големи фаворитки, тие на последните три меча во англиската Суперлига постигнаа вкупно 13 голови. Пролетоска Челзи го победуваше Волфсбург со 3-0 и 2-1 во двете четвртфинални битки, па и овојпат може да се очекува слично сценарио.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.25)


- Оглас -

Најнови вести