6847 Северна Ирска – Италија (20:45 часот)
Актуелниот европски првак доколку сака да обезбеди директен настап на СП во Катар, мора вечерва да слави.
Северна Ирска не е којзнае каков противник, но не смее да има потценување во модерниот фудбал.
Аѕурите не блескаат во овие квалификации, но вечерва едноставно мора да победат за да не одат по потешкиот пат, преку баражот на СП.
Предлог тип: 2 и 3+ (1.70)
1645 МВВ – Ден Бош (Еерсте дивизије Холандија, 20:00 часот)
Ако се тргнат квалификациските натпревари, денешната фудбалска понуда и не е којзнае колку атрактивна.
Но, единствениот натпревар од холандската втора лига секако дека е интересен за обложувачите, кои дефинитивно ќе очекуваат голем број голови на оваа средба.
Последните пет натпревари кога домаќин бил МВВ, редовно си испаѓаат со три или повеќе погодоци, а се надеваме дека и вечерва ќе биде така.
Предлог тип: 3+ (1.55)
4255 Ботафого – Операрио (Серија Б Бразил, 20:00 часот)
Ботафого е еден од најстарите и најпознати бразилски тимови со пребогата историја.
Но, заспаниот гигант во моментов е во втората по квалитет лига на најфудбалската земја, а радосна вест за навивачите е што тимот е блиску до враќање во елитата.
Ботафого во моментов е првопласиран со 63 бода од 35 одиграни натпревари, а камбек во Серија А прават најдобрите четири.
За да остане на првото место, потребна му е победа над Операрио, кој е на средината на табелата и нема никакви резултатски амбиции.
Предлог тип: 1 и Т12+ (1.84)
3655 Турис – Катанцаро (Серија Ц Италија, 17:30 часот)
Пониските италијански лиги се типични за игрите со мал број погодоци, но домаќинот отскокнува од таа констатација.
Турис во просек има по 3,2 голови на натпревар пред своите навивачи, но, од од друга страна, Катанцаро постигнува, ама и ретко прима голови на гости.
Меѓусебната историја вели дека на двете досега одиграни средби, двата тима давале по еден гол (1:1, 3:1), па затоа нашиот инстинкт за вечерва ни вели дека повторно ќе гледаме ефикасна средба.
Предлог тип: Гол-гол 3+ (2.14)
4607 Атлетико Букараманга – Депортес Толима (Примера А Колумбија, 21:30 часот)
Со 32 освоени бода по 18 кола, гостите се на делба на третото место, додека домаќинот има шест помалку и е на средината на табелата.
Меѓусебната историја на овие две екипи вели дека голема е веројатноста за нерешен исход, а формата на Депортес на гости исто така вели дека на 10 одиграни натпревари имаат дури пет нерешени, три победи и два порази.
Предлог тип: Х (2.95)