Италија немаше милост и даде седум гола против Сан Марино

Некогашниот европски и светски првак Италија одлично ги започна подготовките за Европското првенство, откако во контролен меч со убедливи 7:0 славеше над Сан Марино. Селекторот Роберто Манчини реши да направи еден експириментален состав, кој покажа многу атрактивна игра.

Матео Песина и Матео Политано дадоа по два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Федерико Бернардески, Џан Марко Ферари и Андреа Балоти. Дуелот се играше на стадионот на Калјари, што беше прв пат во последните 16 години еден меч репрезентацијата на Италија да ја игра на Сардинија.

 

- Оглас -

Најнови вести