Италија обезбеди место во четвртфиналето, Србија е подготвена за мечот кој мора да го добие

Кошаркарската репрезентација на Италија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во последниот меч од главната групна фаза успеа да го победи Порторико со 73:57. Фуриозно започнаа Аѕурите и за кратко време поведоа со 15:4 и водеа до крајот на првото полувреме.

Порторико се врати резултатски на почетокот на третоата четвртина кога поведе со 43:41, но потоа Италија со серија од 10:1 повторно ја врати солидната предност од седум разлика (51:44). Во речавачките 10 минути, Аѕурите брзо стигнаа до двоцифрена предност (59:47) и потоа со рутинска игра не дозволи да има неизвесна завршница, па на крајот стигна и до победа со 16 разлика, која беше и највисока во текот на целиот дуел.

Италија сега треба да го чека исходот од мечот меѓу Србија и Доминиканска република, а за нив подобро би било Србите да победат. Доколку Србија слави, Италија ќе заврши прва во групата и најверојатно ќе игра против Литванија, која се очекува да биде втора во својата група. Ако доминиканска република ја победи Србија, тогаш Доминикана ќе биде прва во групата, а Италија втора и ќе игра со лидерот од другата група, каде се очекува најдобри да бидат Американците.

Во утринските мечеви кои досега се одиграа, Австралија беше убедлива против Грузија и победи со  100:84, додека Црна Гора славеше над Грција со 73:66.

- Оглас -

Најнови вести