Италија одбила да биде коорганизатор на СП 2030 поради убиство на дипломат

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, потврди дека ја одбил можноста да биде коорганизатор на Светското првенство кое треба да се одржи во 2030 година.

Саудиска Арабија и Египет биле заинтересирани за организација на СП 2030 заедно со уште една европска земја и изборот паднал на Италија, која на крајот ја одбила понудата. Причина за одбивањето се „меѓународни проблеми“, меѓу кои е убиството на италијанскиот дипломат Џулио Реџени во Каиро во 2016 година.

„Не можете секогаш да се правите како ништо да не се случило. Им рековме не од многу причини поврзани со различни вредности. Исто така и поради други проблеми, меѓу кои е и случајот Реџени“, изјави Гравина.

По откажувањето на Саудиска Арабија и Египет од трката, Светската фудбалска федерација организацијата на СП 2030 им ја додели на Шпанија, Португалија и Мароко.

- Оглас -

Најнови вести