36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Италија остана без еден од главните играчи за дуелот против Македонија

Јувентус со неверојатен пресврт вчера стигна до победа од 4:3 на гости кај Рома на „Олимпико“, но Старата дама има и причина за загриженост. На овој меч се повреди Федерико Кјеза, кој беше заменет само по 32 минути игра.

Напаѓачот на Јувентус почувствувал истегнување на левото колено и едноставно не можеше да продолжи. По направените лекарски контроли, потврдено е дека Кјеза има повреда на предниот вкрстен лигамент.

Ова е една од потешките повреди кај фудбалерите, па Кјеза во следните неколку дена ќе мора да направи операција, а потоа му следува период од неколку месеци за закрепнување.

Кјеза е стандарден првотимец во италијанската репрезентација, а сега ќе недостасува за клучните мечеви во борбата за пласман на Светското првенство во Катар. Италија во март на свој терен во Палермо ќе игра против Македонија во полуфиналето од баражот, а победникот од овој меч во Португалија ќе се сретне со подобриот од дуелот Португалија – Турција.

- Оглас -

Најнови вести