29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Италија постави неверојатен рекорд на дуелот против Израел

Италија со 5:4 славеше на гости кај Израел во меч кој се одигра на неутрален терен во Дебрецин. Неверојатно драматичен беше дуелот, а на крајот Аѕурите стигнаа до посакуваните три бода.

Со оваа победа Италија останува со реални шанси во трката за првото место во групата кое води директно на завршницата на Светското првенство. На крајот се покажа дека беше исрториски овој меч кој се играше вo Унгарија.

Само пред четири дена на клупата на Италија дебитира Џенаро Гатузо. Перфектно деби имаше Гатузо затоа што Аѕурите победија со 5:0 против Естонија. Синоќа Италија повторно победи и повторно даде пет гола, но овојпат беше многу понеизвесно.

Со овие два меча во кои Италија постигнуваше по пет погодоци, Аѕурите поставија еден интересен рекорд. За првпат во над 110-годишната истоија на италијанската репрезентација никогаш не се случило Италија да даде по пет гола во два меча по ред, како што тоа сега го направи националниот тим, и тоа во првите два меча како е Гатузо тренер.

- Оглас -

Најнови вести