28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Италија постигна гол и тоа спектакуларен, ама на погрешно место и меч (Видео)

Италија се уште е во шок по сензационалниот пораз од Македонија со 0:1 што вторпат по ред ги исфрли од битката за настап на Светско првенство.

Аѕурите се надеваат дека и по тешкиот пораз во иднина ќе успеат да се вратат уште посилни на фудбалската сцена на која се актуелни европски прваци и четирикратни светски шампиони.

Великанот има таленти, а дека е така потврди и Федерико Аконеро, младиот италијански репрезентативец, кој постигна спектакуларен гол против врсниците од Австрија на меч за фудбалери до 18 години.

Italy U18 1-0 Austria U18 – Federico Accornero (great goal) 45+1′ from soccer

Италијанците вчера немаа таков стрелец во Палермо против Македонија во бараж мечот за настап на сениорското Светско првенство, па ние ќе играме завршен нокаут меч за Мундијалот во Катар против Португалија на 29. март.

 

- Оглас -

Најнови вести