-1.2 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Италија против Норвешка на младинското ЕП е кец како „куќа“

3622 Левадија – Флора (18.00 часот)

Ова е најголемото дерби во естонската лига, дуел помеѓу два ривалски тимови од главниот град Талин и дуел на првопласираните две екипи на табелата. Флора е лидер на табелата со два бода плус после 17 одиграни кола. Во овие 17 рунди, двата тима примија само по 9 голови и имаат само по еден пораз. Левадија дома нема загубено од октомври, а Флора од октомври наваму не знае за пораз на гости. Последниот меѓусебен дуел го одиграа во април, кога Левадија како гостин победи со 2-0, но Левадија дома уште од 2018 не знае за триумф над Флора.

Предлог тип: Х (3.15)

 

6718 Англија У21 – Германија У21 (18.00 часот)

Младите Англичани имаат обезбедено четвртфинале на ЕП за играчи до 21 година, во првите две кола победуваа со по 2-0, може и да калкулираат малку со составот. На Германците и победа може да не им биде доволна за второ место во групата, не зависат само од себе, туку и од Чешка, од која беа поразени. Ова се два големи ривали во европскиот фудбал и ќе играат и за својата чест, па типуваме дека ќе дадат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

5651 Пирамидс – Смуха (20.30 часот)

Пирамидите од Каиро се најдобар тим во Египет после Ал Ахли, имаат осум лигашки триумфи едноподруго, цврсто го држат второто место, и не би требало да имаат проблем со Смуха, тим кој четири кола по ред нема победа. Последните три меча два во лигата и еден во купот, Пирамидс ги доби со минимални 1-0. Овие два тима последен пат се сретнаа меѓусебе во јануари годинава, Пирамидс како гостин победи со 2-1.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.94)

 

6702 Италија У21 – Норвешка У21 (19.30 часот)

Италијанците со победа на овој меч во Клуж Напока ќе одат во четвртфинале на младинското ЕП, а теоретски и реми може да им заврши работа, но за да не зависат од резултатот на Швајцарија, мора да слават против Викинзите. Норвешка губеше во првите две кола и нема многу мотиви. Аѕурите во првите две кола примаа по два гола, а Норвешка даде само еден гол во двата меча за 180 минути игра.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.45)

 

1290 КР Рејкјавик – Кефлавик (21.15 часот)

КР Рејкјавик скромно ја почна сезонава во исландската лига, но излегува од криза, во последните пет кола има три победи и две нерешени. Од друга страна, Кефлавик е последен на табелата и има само една победа после 12 одиграни натпревари, и има дадено само 8 голови што е просек помал од еден постигнат гол по меч. Последната победа на Кефлавик беше на 10-ти април. На последните пет лигашки меѓусебни дуели, Кефлавик нема дадено ниту еден гол против КР.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.40)

- Оглас -

Најнови вести