Италија прва ја мина магичната граница од 100 милиони евра ќар на Европските првенства

Италија е нов европски првак и првата репрезентација што ја минала магичната граница од 100 милиони евра со наградниот фонд што го доделува УЕФА од првиот шампионат во 1960 година па досега.

Аѕурите, според информациите што ги објавија италијанските медиуми, досега добиле 100 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА и се број еден според заработката.

Тоа најмногу се должи на тазе заработените 28,5 милиони евра од ова Европско првенство,, на кое ја освоија втората европска круна, по таа во 1968 година.

И фудбалерите кои одиграа импресивно на турнирот и стигнаа до тронот добија убави награди од по 250 илјади евра за секој поединечно.

За првпат на Европските првенства играше и Македонија и ќарот е околу 10 милиони евра од вкупниот награден фонд на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести