Италија сака да биде домаќин на Мундијалот во 2030 година

Италија ќе се кандидира за домаќин на Мундијалот во 2030 година, пишуваат медиумите на Апенините. За да може да им успее оваа мисија, Италијанците прво мора да се откажат од намерата да бидат домаќини на Европското првенство во 2028 година.

Последен пат Италија беше домаќин на големо натпреварување во 1990 година кога се играше Светското првенство на кое шампион стана Германија. Италијанскиот фудбал блесна во полн сјај ова лето откако Аѕурите стигнаа до европскиот трон, по втор пат во нивната историја.

 

- Оглас -

Најнови вести