Италија сама решава дали ќе има 10 клубови што ќе играат во Европа

Италијанската Серија А во новата сезона од европските купови има шанса да биде преставена со дури 10 екипи. Тоа значи дека буквално половина од клубовите кои беа дел од елитното друштво, да играат и во Европа. Со ваквиот расплет, италијанското првенство потврдува зошто е најдоброрангирано на УЕФА листата.

Според досегашниот расплет, екипите на Интер, Милан, Болоња и Јувентус благодарение на пласманот во првенството обезбедија место во Лигата на шампиони. Аталанта која е на петото место пласман во елитното европско друштво обезбеди како победник во Лигата на Европа, а поради тоа што Серија А има најдобар рејтинг на УЕФА листата, добива уште едно место во ЛШ, а тоа би била шестопласираната Рома.

Рома може да извиси само ако Аталанта на крајот од првенството заврши во Топ 4 на табелата, но факт е дека екипата од Бергамо нема никаков мотив за такво нешто, па Римската волчица треба да биде шестиот тим во ЛШ од Италија за следната сезона. Тоа би било историски подвиг затоа што никогаш претходно една земја немала шест тима во ЛШ во една сезона.

Во таков случај ќе се помести границата за едно место, па во европа би играле и Лацио на седмото место, Фиорентина како осмопласирана и Торино кој моментално е на деветото место.

Фиорентина игра и во финалето на Конференциксата лига. Ако Виолетовите го освојат овој трофеј, автоматски ќе обезбедат место во Лигата на Европа. Во тој случај, подобро би било Фиорентина на табелата да заврши на деветото место или подоле, затоа што така се добива уште едно место плус во Европа.

Според актуелната табела Наполи кој е десетти, ќе игра во Конференциската лига на Европа.

РАСПОРЕД НА КЛУЧНИТЕ МЕЧЕВИ ВО СЕРИЈА А:

23 мај: Калјари – Фиорентина

26 мај: Наполи – Лече, Аталанта – Торино (последно коло во Серија А)

29 мај: Фиорентина – Олимпијакос (финале во Конференциската лига на Европа)

2 јуни: Аталанта – Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести