Италија се обедини и сака публика на трибините во финишот на сезоната

Калчолигашите се обединија и сите 20 клубови од Серија А бараат дозвола за навивачите да можат да дојдат на стадионите во последните шест кола од актуелната сезона.

Клубовите се согласни да се почитуваат и строгите протоколи за заштита од ковид-19 и на трибините да има ограничен број гледачи.

„Изготвивме и план за отварање на стадионите за публиката и тој е испратен до Фудбалската федерација, од која очекуваме да помогне во дијалогот со преставниците на власта. Очекуваме позитивен исход и навивачи на трибините во последните неколку кола во Серија А“, објавија калчолигашите во своето соопштение до медиумите.

Тие бијат и судска битка против ТВ Скај поради нивното одбивање да ја платат последната рата за ТВ-правата за Серија А за оваа сезона.

Моментно натпреварите во Серија А се играат без публика, а до крајот на првенството во Италија има уште шест рунди.

 

- Оглас -

Најнови вести