Италија стравува за повредата на Тонали

Фудбалерот за врска на Њукасл, Сандро Тонали, заработи повреда на синоќешниот натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Тој беше заменет во второто полувреме поради сомнеж за мускулна повреда.

Тонали ги мина деталните прегледи и утврдено дека има оток на ногата, но поради удар. Не се работи за мускулна повреда. 

Во Италија владее сериозна загриженост околу ситуацијата бидејќи играчот е неизвесен за плејофот за Светското првенство ова лето. Тој ќе се најде на списокот, со надеж дека ќе се успее да опорави навреме. 

Аѕурите ќе ја пречекаат Северна Ирска во Бергамо на 26 март, а Тонали е еден од најважните фудбалери во селекцијата на Џенаро Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести