Втор меч и втор пораз за фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година во квалификациите за пласман на Европското првенство 2027. На реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, пред околу 8.000 гледачи, нашата млада селекција загуби од Италија У21 со 0:1.
Аѕурите беа фаворити и пред мечот, но разочарување е фактот дека Македонија повеќе од 65 минути имаше играч повеќе, но не успеа да создаде ниту една вистинска шанса да го загрози голот на гостите.
Италијанците започнаа офанзивно уште од самиот почеток. Се редеа нападите на гостите, но одбраната на Македонија делуваше стабило и не дозволуваше да биде изненадена.
Шансата на Македонија беше преку контранапади да го загрози голот на гостите. По Една таква ситуација, дефанзивецот на Италија, Брандо Моруци, доби втор жолт картон, автоматски црвен и беше исклучен.
Фактот дека Македонија до крајот на мечот играше со фудбалер повеќе не смени многу во играта и на теренот. Италија напаѓаше и со играч помалку, а гостите тоа го крунисаа со погодок во 35-тата минута, кога прецизно шутираше Маријанучи за 1:0 за гостите.
Во вториот дел падна темпото на игра. Нашите фудбалер се обидуваа да воспостават рамнотежа на средината од теренот, па во неколку ситуации се заканија во шеснаесетникот на Италија. Најдобрата шанса ја имаше Хамза, кој шутираше од далечина, но противничкиот голман одбрани.
До крајот на мечот гостите без многу проблеми ја сочуваа предноста и стигнаа до нова победа.
Македонија по две кола е без ниту еден бод и без постигнат гол. Следниот меч на нашата селекција ќе биде на 10 октомври, повторно на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.