Италија „врие“ поради играњето со рака во 94-тата минута: Беше ли Интер оштетен против Милан? (Видео)

Фудбалерите на Милан синоќа во големото градско дерби го совладаа Интер со 1:0 и барем малку ја „зачинија“ борбата за титулата, а фудбалска Италија цела ноќ зборуваше за контроверзна ситуација од судиското продолжение.

Ако се гледаат само меѓусебните дуели во последните години, Милано е црвено-црн град. Милан по петти пат во последните седум натпревари го победи Интер, додека Нераѕурите во тие седум меча немаат ниту една победа.

Сепак, Интер и понатаму е многу поблиску до шампионската титула, а победата на Милан само малку ја врати надежта кај Росонерите бидејќи разликата на врвот на табелата изнесува седум бода во корист на Интер.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Первис Еступињан во 35-тата минута. Тој доби одлична топка во простор од Јусеф Фофана и ја смести во мрежата на Интер.

Но, она за што фудбалската јавност во Италија зборува цела ноќ и утрово е спорната ситуација од 94-тата минута. Во една мешаница во шеснаесетникот на Милан, Самуеле Ричи играше со рака.

Топката го погоди од непосредна близина во раката, а судијата Даниеле Довери веднаш покажа дека нема ништо. Играчите на Интер бараа пенал, но судијата дури и не доби повик од ВАР-собата за да ја прегледа ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести