Италија за полуфинале чека позитивен расплет од дури три меча

Поразот од Полска скапо ќе ја чини младата репрезентација за Италија (играчи до 21 година) доколку не се пласира во посакуваното полуфинале на европскиот шампионат на кој Италијанците се домаќини, заедно со Сан Марино.

Но, за Италија која освои шест бода од трите меча, не е сè загубено. Уште имаат математички шанси да се најдат меѓу четирите најдобри. Сепак, ќе им треба и многу среќа, бидејќи во прилог треба да им одат резултатите од дури три натпревари, од кои два се играат вечерва.

На дуелите Австрија – Германија и Данска – Србија, на Италијанците им треба Австрија или Данска да не победат со три гола разлика. Ова делува реално остварливо, но сè е можно. Во Италија најмногу се плашат од утрешниот меч Романија – Франција. Тие две селекции веќе имаат по 6 бода, и ако одиграат „пријателско“ реми, двата тима ќе одат понатаму, а Италија ќе извиси.

Ако победи Романија со било каков резултат, тоа ќе биде добро за Италија, а ако победи Франција, за Италија да оди понатаму, триумфот на „триколорите“ ќе треба да биде со над три гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести