Интересна ситуација се случила во Италија, а во главна улога во случајов е еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ.
Јокиќ за време на престојот во Ферара, преспал во еден пансион и се фотографирал со сопственичката. Таа врска немала кој е Јокиќ, но била импресионирана од неговата висина и му ја испратила сликата на нејзиниот сопруг за да му покаже колку висок човек спиел кај нив во хотелчето и се интересирал за некои коњи.
Кога видел, сопругот Алесандро ќе пукнел од мака што не бил таму, бидејќи веднаш го препознал трикратниот МВП на НБА лигата.
„Жена ми ме праша дали го знам високиот човек од фотографијата. Не, не, не, немам среќа“, искоментира сопругот кој е анестезиолог.
Наводно Јокиќ со татко му и пред четири години бил да гледа штали во регионот и спиел на истото место, а и тогаш Алесандро не бил таму.