Италијанката Карини ѝ се извини на „спорната“ алжирска боксерка за постапката после поразот

Италијанската боксерка, Анџела Карини, јавно ѝ се извини на „спорната“ алжирска боксерка, Имане Келиф, за постапките после поразот во осминафиналето на Летните олимписки игри. Алжирката ја обвинуваат дека е машко и дека нема право да се натпреварува во женска конкуренција, а Карини ја предаде борбата после само 45 секунди, па одби да се поздрави со противничката во два наврати.

„Жал ми е за мојата противничка. Ако ИОК вели дека може да се бори, тогаш јас ја почитувам одлуката. Тоа не планирав да го направам. Сакам да ѝ се извинам на неа и на сите останати. Бев лута бидејќи ЛОИ за мене завршија во миг.“ – рече Карини за „Газета дело спорт“.

Со изјава се јави и портпаролот на ИОК, Марк Адамс, кој ја оправдува одлуката на организаторот да ѝ дозволи учество на Келиф на ЛОИ.

„Родена е како жена, била регистрирана како жена, целиот свој живот живее како жена, се натпреварува како жена, има женски пасош – ова не е случај на трансродова личност.“ – вели Адамс.

- Оглас -

Најнови вести