Италија рутинирано славеше против Кина со 2-0 и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство за жени. Иако очекуваа доста понеизвесен дуел, избраничките на селекторката Бертолини без многу мака го продолжија мундијалскиот сон, а вечерва ќе го добијат и противникот во четвртфиналето, по дуелот меѓу Холандија и Јапонија.
Џасинти отвори за Италијанките по 15 минути игра, за Гали да ги постави конечните 2-0 само четири минути по стартот на второто полувреме.
Последниот осминафинален дуел од Мундијалот за жени се игра вечерва во 21 часот меѓу Холандија и Јапонија, додека останатите четвртфинални двојки се познати:
Норвешка – Англија, 27 јуни – 21 часот
Франција – САД, 28 јуни – 21 часот
Германија – Шведска, 29 јуни – 18:30 часот
Италија – Холандија/Јапонија

