Италијанска работа – Аутсајдерот Фрозиноне ја победи Фиорентина на гостински терен

Финишот на првенствата понекогаш носат и чудни резултати, а меѓу нив е и победата на Фрозиноне во Фиренца, попладнево со 1:0.

Фиорентина има многу подобра екипа, но е во комотна позиција на табелата во Серија А, не се бори за ништо, па си загуби од кандидатот за испаѓање. И тоа на домашен терен со голот на Циофани во 84. минута.

Напаѓачот на Фрозиноне влезе во игра во 68. минута и им донесе важни бодови на гостите. Фрозиноне сега има 23 бода на претпоследното место на табелата, и заостанува за четири бодови зад Болоња и пет зад Емполи, но има и меч повеќе.

Фиорентина е на безбедното 10. место со 39 бодови.

- Оглас -

Најнови вести