Италијанската тренерска легенда, Алберто Ѕакерони е хоспитализиран по падот во својот дом при кој си ја повредил главата и се уште е во состојба без свест на интензивна нега.
Ѕакерони има 69 години и е згрижен во болница во Чезена. Се уште нема информации што е причината за падот и во каква кондиција е познатиот тренер.
Ansia per Alberto #Zaccheroni: trauma cranico dopo una caduta, è in terapia intensiva https://t.co/d0ehJUBtqg
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) February 10, 2023
Ѕакерони е еден од ретките тренери што бил кормилар на трите најголеми гиганти во Италија, Јувентус, Милан и Интер, а беше на клупата и на Лацио, уште една екипа што има огромен рејтинг и на Чизмата и во светот на фудбалот.
Најголем успех во кариерата му е Скудетото што го освои со Милан во сезоната 1998-99, а како селектор на Јапонија беше и азиски шампион во 2011 година.
Ѕакерони беше тренер на уште неколку италијански екипи и селектор и на Обединетите Арапски Емирати, авантура по која во 2019 година ја заврши богатата кариера.