Италијанската легенда има одличен наследник – Андреа потпиша за Лацио

Фабио Канаваро има одличен наследник, а неговиот 16-годишен син му се приклучи на Лацио и ќе биде дел од тимот за фудбалери на возраст до 17 години.

Андреа Канаваро имаше понуда и од Рома, но го одбра Лацио како средина во која ќе се развива и ќе тргне по стапките на неговиот татко, кој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња во Италија.

Синот на Фабио беше со него во Кина, во Гвангжу Евергранде, но одлучи да се врати во Италија. Андреа, за разлика од неговиот татко, игра на позиција во средниот ред, а ќе се развива како фудбалски талент во Лацио.

Канаваро сениор сè уште е тренер на кинескиот клуб, а беше и селектор на националната репрезентација на Кина.

Фабио е еден од најдобрите светски дефанзивци во историјата на најпопуларната игра и има многу клупски трофеи со Парма, Реал Мадрид, Интер и Јувентус.

За Италија играше на 136 натпревари и го освои пехарот на Мундијалот во 2006 година. Има и многу индивидуални признанија, меѓу нив и највредното, најдобар фудбалер на годината во 2006 година, кога ја доби „Златната топка“ или популарниот Балон Д`Ор во избор на „Франс фудбал“.

 

- Оглас -

Најнови вести