30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Италијанската легенда ќе биде тренер на второлигаш од Дубаи

Легендарниот Италијанец Андреа Пирло по една година пауза, повторно му се враќа на фудбалот. Поранешниот италијански репрезентативец направи неочекуван потег и ја прифати понудата на второлигашот од Обединетите Арапски Емирати, Јунајтед од Дубаи, да биде нивен тренер во новата сезона.

Пирло тренерската кариера ја започна во екипата за фудбалери до 23 години на Јувентус, пред да го преземе и првиот состав на Старата дама. Следуваше ангажман во турскиот Караѓумрук, а потоа и во Сампдорија, од каде што си замина минатото лето.

- Оглас -

Најнови вести