Милан објави дека 16-годишниот напаѓач Франческо Камарда го потпишал својот прв професионален договор.
Камарда кој е роден во Милано во 2008 година, се истакна по своите технички вештини и импресивното постигнување голови во младинскиот сектор на Росонерите. Во сезоната 2021/22, тој беше клучен освоеното Скудето за играчи до 15 години.
Минатата сезона ја мина во тимот до 19 години, со вкупно 41 настап и постигна 14 гола низ лигата, младинската лига на УЕФА и Копа Италија Примавера.
На 25-ти ноември 2023 година, на возраст од 15 години, 8 месеци и 16 дена, тој стана најмладиот играч кој некогаш дебитирал во Серија А на домашен натпревар против Фиорентина. Тој забележа и втор настап за првиот тим на Милан на „Сан Сиро“ против Фросиноне.
Во периодот од мај до јуни, младиот напаѓач со репрезентацијата учествуваше на Европското првенство до 17 години, придонесувајќи за титулата со 5 настапи и 4 гола, а беше прогласен за играч на турнирот. Во моментов учествува на Европското првенство до 19 години кое се одржува во Северна Ирска.
Франческо ќе ја продолжи својата авантура со Росонерите во Милан Футуро и ќе остане во клубот до 30-ти јуни 2027 година.