15.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Италијански четвртолигаш пропуштил шанса да го купи Хари Кејн

Пред почетокот на сезоната 2012-13 се знаеше дека Ливорно ќе влезе во Серија А и бараа напаѓач кој би ги засилил, а прв избор тогаш им бил 20-годишниот Хари Кејн.

Кејн тогаш играше во Лестер како позајмен од Тотенхем и на 15 натпревари во Чемпионшип постигна само два гола. Кејн им бил понуден од страна на неговиот агент, го подготвувале договорот кој требало да биде позајмица со право на откуп само за 500.000 евра, но преговорите пропаднале и Кејн остана во Англија.

Инаку, Ливорно сега е во Серија Д и најверојатно ќе влезе во Серија Ц бидејќи е убедливо прв на табелата.

- Оглас -

Најнови вести