Добро познатиот новинар на „Скај Италија“, Фабио Кареса, е песимист околу шансите на италијанската репрезентација во мартовските баражи за Светско првенство, и смета дека селекторот Роберто Манчини прави погрешни избори.
„Слушнавте дека за време на СП, Серија А ќе се игра во САД? Изгледа одлучивме дека нема да играме на Мундијалот, па ајде да не му помагаме на националниот тим“ – критикува Кареса.
Италија е актуелен европски првак, но мора прво дома да ја победи Македонија, а потоа и на гости Португалија или Турција, ако сака пласман на СП во Катар. Аѕурите го пропуштија СП во Русија во 2018 година и ако ги нема да две светски првенства по ред, тоа за нивниот фудбал би било катастрофа.
„Погледнете ги имињата. Некој го има Нејмар, некој Кристијано Роналдо, Мбапе, а ние на терен ќе излеземе со Побега и Фратези. Имам почит кон овие момци, но за што разговараме ние? Апсурдно е да се зборува“ – додава новинарот.