30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Италијански гимнастичар се бори за живот откако доживеа тешка повреда, тимот се повлече од натпреварувањето

Во несреќен случај на Универзијадата во Есен, Германија, италијанскиот гимнастичар Лоренцо Боничели доживеа тешка повреда за време на изведба на вежба.

Младиот спортист паднал директно на вратот и останал неподвижно да лежи, по што веднаш бил пренесен во болница и подложен на итна операција. Боничели моментално се наоѓа во индуцирана кома, а неговата здравствена состојба е неизвесна.

Гимнастичарската федерација на Италија (ФГИ) соопшти дека сè уште се чека официјален медицински извештај, но според информациите од поранешниот директор на ФГИ и судија на Универзијадата, Стив Бачер, Боничели ќе остане во индуцирана кома најмалку десет дена за да може да се процени неговата состојба по операцијата.

Поради големиот шок, остатокот од италијанската репрезентација реши да се повлече од натпреварувањето, а нивната одлука беше поддржана од стручниот штаб.

Лоренцо Боничели, познат под прекарот „Бони“, се сметаше за еден од најголемите таленти на италијанската гимнастика.

- Оглас -

Најнови вести