17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Италијански репрезентативец беше главен на дербито, Челзи пак не успеа да ги победи Црвените ѓаволи (Видео)

Долгата серија од шест меча без победа на „Стемфорд бриџ“ и денеска продолжи за европскиот првак Челзи на дерби дуелите со Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи се бранеа и успеаа да се одбранат, а со првиот директен удар кон голот на Едуард Менди, дури во 50. минута поведоа со 1:0.

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо направи кардинална грешка во обидот да ја смири топката, а искористи Џејдон Санчо и лесно погоди осамен пред голот на Челзи.

За среќа на Жоржињо во 67. минута беше досуден пенал, кој успеа прецизно да го изведе и да израмни на 1:1.

До крајот на мечот немаше голови, па ова е шестто гостување на Црвените ѓаволи без пораз на „Стемфорд Бриџ“.

Кај домаќините за првпат по септември минутажа имаше Ромелу Лукаку, а кај гостите Кристијано Роналдо бече резерва и влезе во игра во 64. минута на местото на стрелецот Санчо.

Мајкл Карик ќе си замине од кормилото на Манчестер јунајтед без пораз на двата меча што ги имаше како привремен тренер на 20-кратниот шампион на Англија, кој го назначи Ралф Рангник за нов шеф на стручниот штаб.

 

- Оглас -

Најнови вести