Италијански судија и неговата девојка избодени до смрт

Италијанскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка Елеонора Манта се убиени во стан во Лече. Двајцата биле избодени со нож до смрт, а телата ги пронашле соседите на Даниеле.

Де Сантис најчесто беше судија кој ја делеше правдата на мечеви од Серија Ц, каде што имаше над 130 мечеви. Мал дел од кариерата судеше и во Серија Б, но не успеа да стигне до главната сцена, односно да ја дели правдата на дуели од Серија А.

Засега полицијата нема информации кој би можел да биде мотивот за двојното убиство и се трага по сторителите.

 

- Оглас -

Најнови вести