Италијански судија ја доби честа да суди на првиот меч на СП во Катар!

Натпреварот помеѓу Катар и Еквадор в недела од 17 часот, со кој ќе се отвори Светското првенство во фудбал, ќе го суди Даниеле Орсато од Италија.

Орсато кој за неколку дена ќе наполни 47 години, е единствен италијански судија кој ќе дели правда на Мундијалот во Катар. Досега не судел на СП, а лани „дуваше“ во свирчето на три средби од Европското првенство. Најважен меч кој го има судено му беше финалето на Лигата на шампионите во 2020, кога играа Баерн и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести