24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Италијански тенисер ќе го пропушти Вимблдон бидејќи бил на финалето во ЛШ?!

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини најверојатно нема да добие дозвола да настапи на претстојниот гренслем-турнир бидејќи го пропуштил допинг-тестот.

Фоњини, кој е голем навивач на Интер, на 10 јуни заминал во Истанбул за да го следи финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Нераѕурите и Манчестер сити, но истиот ден во неговиот дом пристигнале лица од светската антидопинг-агенција (ВАДА) за да го тестираат тенисерот.

Бидејќи не го пронашле дома, а тој не го пријавил патувањето за Истанбул, и ова му е вторпат да се појави на допинг-тестот, Фоњини се соочува со суспензија.

Тој досега има 13 настапи на најпрестижниот гренслем-турнир, а најголем успех му е пласман во третото коло. Фоњини на Ролан Гарос беше елиминиран во третото коло.

- Оглас -

Најнови вести