Аталанта беше убедлива и со 3:0 победи на гостински терен на „Диего Армандо Марадона“ во меч од 30 коло на италијанската Серија А. Со овој триумф, тимот од Бергамо се зацврсти на шестото место на табелата, додека Наполи продолжува со очајната сезона.
Тимот кој е актуелен првак на Италија, сега е на седмото место со само 45 бодови од 30 кола и речиси сигурно нема да обезбеди излез во Европа за следната сезона.
Уште во првото полувреме гостите од Бергамо покажаа надмоќ и со два гола стигнаа до сигурна предност на полувремето, а конечните 3:0 беа поставени во финишот на средбата.
Во италијанската Серија А вечерва ќе се играат две дерби средби во кои Лацио е домаќин на Јувентус, а Фиорентина е домаќин на Милан.