Лече и Сасуоло одиграа 1:1 во меч од осмото коло во Серија А, а дуелот освен погодоците и интересните моменти на теренот, го одбележа и еден несекојдневен потег пред стартот.
Главниот судија Хуан Лука Саки одби да се поздрави со својата помошничка Франчиска Ди Монте, поради што и заработи суспензија од еден меч. Инаку главниот судија Саки и помошничката Ди Монте се во одлични односи и таа била иницијаторот да не му се даде поголема казна поради потегот кој според нејзе бил ненамерен.