Италијанскиот Суперкуп по две години пауза повторно ќе се игра на Чизмата, откако претходните две изданија се одржуваа во Саудиска Арабија.
За престижниот трофеј ќе се борат шампионот Јувентус и освојувачот на Купот Наполи, па така Елиф Елмас ќе атакува на втор пехар во својата кариера со екипата која ја предводи Џенаро Гатузо.
Натпреварот е закажан за 20 јануари 2021 година, а ќе се одржина стадионот на Сасуоло, „Мапеј“.