Италијанскиот третолигаш Тернана и официјално е во рацете на фамилијата Рицо, а за претседателка на клубот е поставена 23-годишната Клаудија Рицо. Таа е ќерка на познатиот италијански бизнисмен Џанлуиџи Рицо.
Само со 23 години, Клаудија стана првата жена претседател на Тернана.
„Отсекогаш сум била голем обожавател на Тернана. За време на преговорите, ми беше предложено да ја преземам функцијата претседател. Тоа е голема одговорност, но и огромна можност. Со искусни соработници, се чувствувам многу побезбедно и сум убедена дека клубот ќе продолжи напред“, рече Клаудија по промоцијата за прв човек на клубот.
View this post on Instagram
Претседателката вети дека ќе направи план за успешна работа на клубот кој слави и 100 години од формирањето. Интересно е дека Клаудија Рицо не е најмладиот претседател на клуб во историјата на италијанскиот фудбал бидејќи рекордот го држи Алесандро Руџери, кој ја презеде функцијата на чело на Аталанта во 2008 година само на 21 година, наследувајќи го својот тогаш болен татко Иван.