6029 Болоња – Селтик (18:45 ч.)
Двата тима се во борба за места кои водат во нокаут-фазата во Лигата на Европа. Болоња е во добар ритам, посебно дома не им дозволува многу на противниците да се надеваат на успех.
Селтик прими дури 11 гола во шест меча, што само покажува дека нема стабилна одбрана.
Предлог тип: 1&2-4 (2.40)
6035 Рома – Штутгарт (21 ч.)
Овие два тима имаат по четири победи и два пораза во групата од Лигата на Европа. Борбата им е да бидат во Топ 8 за да ја избегнат првата нокаут-фаза.
Делува неверојатно, но Рома сезонава нема ниту еден нерешен резултат во 28 средби во сите натпреварувања. Штутгарт нема пораз на последните седум дуели, па нема да биде чудно и да биде нерешено на „Олимпико“.
Предлог тип: 1Х&0-3 (3.00)
6034 Динамо – ФЦСБ (21 ч.)
Динамо нареди три порази по ред и сега е во опасност да не се пласира во нокаут-фазата, па затоа мора да брка победа над ФЦСБ. Романците сезонава веќе загубија во Белград од Црвена ѕвезда и во Скопје од Шкендија, а сега и Динамо верува дека може да стигне до трите бода.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.75)
6026 ПАОК – Бетис (18:45 ч.)
Ова ќе биде голем предизвик за грчкиот тим, кој посебно е опасен на свој терен, но Бетис е една од најдобрите екипи во Лигата на Европа која има четири победи и две ремија без пораз.
Главна карактеристика на ПАОК пред своите навивачи е да игра цврсто, најважно им е да го сочуваат својот гол, па може да се очекува дуел со малку погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.86)
6028 Фенербахче – Астон вила (18.45 ч.)
Еден од дерби-дуелите вечерва се игра во Истанбул. За Фенербахче голем адут е домашниот терен, но кога гостува тим како Астон вила ќе биде голем предизвик да се стигне до победа.
Двете екипи сакаат да играат офанзивно, па може да се очекуваат погодоци од двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

