Италијанските тимови ќе имаат успешен четврток во европските купови

9246 Веспрем – Кјелце (18.45 часот)

Фаворит во ова прво четвртфинале од ракометната ЛШ е домаќинот Веспрем. Севкупно, традицијата е на страна на унгарскиот тим, но последниот нивен меѓусебен дуел беше лани во полуфиналето и триумфираа Полјаците. Веспрем играше и осминафинале, а Кјелце повеќе од два месеца нема играно меч од ЛШ, туку само мечеви со полски противници, кои се многу послаби од нив. Може да се очекува да има повеќе од 60 гола, како на нивните три претходни меѓусебни средби.

Предлог тип: 1-1 (2.05)

 

6021 Рома – Б. Леверкузен (21.00 часот)

Ова ќе биде надмудрување на Мурињо и неговиот некогашен ученик Чаби Алонсо. Мурињо го пофали Баер дека ја има една од најопасните контри во Европа. Кај гостите ќе го нема Чехот Шик, кој е поранешен играч на Рома. Традицијата на меѓусебните дуели најавува гол во двете мрежи и ефикасен меч, но Рома и Баер во последно време почесто играат со 0-2 гола отколку со 3+. За Фармацевтите, освојувањето на Лигата на Европа е единствен начин да играат во ЛШ следната сезона.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.04)

 

6022 Јувентус – Севилја (21.00 часот)

Старата дама ја има улогата на прв фаворит во Лигата на Европа, барем според квотите, но никој не е голем фаворит против Севилја, која има неверојатен скор во ова натпреварување и го изненади Манчестер јунајтед во претходната рунда. Јуве мора да победи, макар и минимално бидејќи реваншот ќе биде жежок и непредвидлив. Јуве одамна нема освоено европски трофеј, ова им е шанса која треба да пробаат да ја грабнат.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.50)

 

6045 Фиорентина – Базел (21.00 часот)

Виолетовите како домаќини се фаворити за победа. Кај Базел ќе го нема Фрај, а Фиорентина е без голманот Сиригу и суспендираниот Миленковиќ. Фиорентина не блеска во Серија А во последните мечеви, веројатно фокусот им е на Конференциската лига. Овие два клуба меѓу себе играле и пред осум сезони, тоа беа мечеви со 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.76)

 

6729 Вест хем – АЗ Алкмар (21.00 часот)

Предноста на Вест хем е што игра во многу посилна лига и навикнати се на тешки мечеви, а на АЗ Алкмар  му останува да се надева дека на Чеканите приоритет им е опстанок во Премиер лигата. Но, кога веќе стигнаа до тука, Вест хем ќе сака и финале. Двата тима викендов имаа добри резултати, Вест хем го победи Манчестер јунајтед, а АЗ одигра 0-0 со Ајакс. Ова е прв меѓусебен дуел на овие два тима.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.73)

 

- Оглас -

Најнови вести