29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Италијанските тимови ќе победат дома против Пиринејците

6010 ПСВ – Арсенал (18.45 часот)

Ова е дуел на два тима коишто имаат обезбедено пласман во осминафиналето, Арсенал е сигурно прв, ПСВ втор, па може поопуштено да го одиграат овој меч. Топчиите во Лондон го разбија ПСВ со 4-0, па сега холандскиот тим, кој сезонава гази во холандската лига, ќе проба да се реваншира. Суспендиран кај ПСВ е Мексиканецот Лозано, што е хендикеп за домашните. Арсенал викендов загуби во Премиер лигата и ќе проба да се извади и фановите брзо да го заборават тој пораз.

Предлог тип: 2+ пол. (2.35)

 

6016 Копенхаген – Галатасарај (21.00 часот)

Ако има победник на овој меч, тоа ќе значи дека тој тим ќе оди во осминафиналето на ЛШ, а на Данците може да им одговара реми само ако Манчестер јунајтед не го победи Баерн. Копенхаген е тим со убедливо најмалку постигнати голови во групата, но има и многу помалку примени голови од турскиот тим. Во првиот нивен меч во Истанбул, резултатот беше 2-2, кога Галата во последните пет минути даде два гола и се спаси од пораз.

Предлог тип: & 1-3 (2.80)

 

6013 Интер – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Голем тест за европскиот вицепрвак. Интер мора да победи против Шпанците ако сака да биде прв во групата и да има полесен противник во осминафиналето. Во септември во Сан Себастијан беше 1-1, баскискиот тим и сега не би имал ништо против пак да одигра нерешено со Интер. Реал Сосиедад повеќе од два месеца нема пораз на гостински терен, а Интер дома е опасен и ретко прима повеќе од еден гол во Милано.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.11)

 

6015 Манчестер ј. – Баерн (21.00 часот)

Пред Црвените ѓаволи е речиси невозможна мисија ако сакаат осминафинале, мора да победат тим кој уште од септември 2017 година не загубил меч од групна фаза во ЛШ, а ни победа на Манчестер не му гарантира влез меѓу 16-те најдобри. Баерн нема некои преголеми мотиви освен да го продолжи рекордот на непоразеност во групите од ЛШ и да спречи помин во осминафинале на клубот од којшто пред 24 години го претрпеа најболниот пораз во клупската историја.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

6011 Наполи – Брага (21.00 часот)

Наполи треба да го потврди пласманот во осминафиналето. Брага ги доби последните два меча во португалската лига со по 3-1, но вечерва е аутсајдер. На домашните им е доволен и бод, дури и пораз од 0-1 или 1-2 ги носи меѓу 16-те кои ќе учествуваат во нокаут-фазата. Наполитанците се во криза, не им оди во Серија А, но подобри се од Брага, која ја победија и во Португалија и не би требало да имаат проблем да ја совладаат и дома.

Предлог тип: 1-1 (2.24)

- Оглас -

Најнови вести