Италијанските тренери пишуваат историја во ЛШ

Италијанските фудбалски стручњаци испишаа своја историја, за првпат се случи во осминафиналето на Лигата на шампионите да има дури петмина италијански тренери.

Овој подвиг го овозможија Карло Анчелоти со Реал Мадрид, Антонио Конте со Тотенхем, Стефано Пиоли со Милан, Симоне Инѕаги со Интер и Лучијано Спалети со Наполи. Од италијанските екипи и тренери, потфрлија само Јувентус и Масимилијано Алегри, кои се селат во Лигата на Европа.

Анчелоти синоќа стана и тренер со најмногу победи во историјата на ЛШ, надминувајќи го Алекс Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести