Италијанската ватерполо репрезентација го доби драматичниот дуел против САД со минимални 12-11 благодарение на пресвртот остварен во последната минута од мечот.
Американците водеа во три четвртини и на 60 секунди до крајот беа поблиску до победата, меѓутоа два гола на Аѕурите во финишот беа доволни за да се урне митот за непобедливата селекција на САД. Ди Фулвио со пет погодоци ја предводеше Италија до триумфот.
Претходно убедливи победи остварија Унгарија со 23-1 против Јужна Африка, односно Шпанија со 16-4 над Казахстан.