28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Италијанските ватерполисти во фотофиниш го урнаа митот за непобедливите Американци

Италијанската ватерполо репрезентација го доби драматичниот дуел против САД со минимални 12-11 благодарение на пресвртот остварен во последната минута од мечот.

Американците водеа во три четвртини и на 60 секунди до крајот беа поблиску до победата, меѓутоа два гола на Аѕурите во финишот беа доволни за да се урне митот за непобедливата селекција на САД. Ди Фулвио со пет погодоци ја предводеше Италија до триумфот.

Претходно убедливи победи остварија Унгарија со 23-1 против Јужна Африка, односно Шпанија со 16-4 над Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести