Интер и Милан се пофалија со историски договор и конечно купување на култниот стадион кој едните го нарекуваат „Сан Сиро“, а другите „Џузепе Меаца“. Двете екипи се обврзаа да им исплатат на градските власти 197 милиони евра за стадионот и за земјиштето наоколу се со цел да градат нов стадион.
Договорот беше потпишан и стадионот по 77 години веќе не е во сопственост на локалната самоуправа, но само еден час подоцна следуваше шок. Јавното обвинителство покрена истрага за начинот на кој[to беше продаден стадионот. Сомнежите се дека имало договарање помеѓу екипите и локалната власт, а времето за испраќање на понудите било прекратко, па им била ускратена можноста на останатите заинтересирани да учествуваат во наддавањето.
„Договорот е потпишан напладне, а еден час подоцна истрагата е отворена. Ова е Италија“, рече претседателот на Интер, Бепе Марота.

